Собрание

Џафери ќе чека Владата да достави предлог за оставките на Филипче и Хасани

Откако ја доставија предлог-одлуката за разрешување на министерот за здравство, Венко Филипче, пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ побараа од претседателот на Собранието Талат Џафери истата да ја стави како прва точка на денешната 50-та седница. Џафери одби со образложение дека, согласно Уставот, таквиот предлог треба да биде доставен од страна на претседателот на Владата, а таков предлог од него не добил.

„Процедурата за разрешување на член на Влада е во член 94 од Уставот. Во став еден од член 94 се вели дека члена на Влада има право да поднесе оставка. Претседателот на Владата може да предложи разрешување на член на Владата. За предлогот за разрешување на член на Влада одлучува Собранието на правата наредна седница“, објасни Џафери.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, цитирајќи го членот 220 од Деловникот на Собранието, во кој се вели дека Собранието на првата наредна седница, без претрес, констатира дека на претседателот на Владата или на член на Влада му престанува мандатот на денот на одржување на седницата, бараше од првиот парламентарец, да ги констатираат дадените оставки на министерот за здравство и неговиот заменик. Тој потсети дека имало таков случај во 2013 година кога тогашната опозиција СДСМ побарала разрешуваше на висок функционер и тој предлог бил ставен на дневен ред.

„Вие официјално немате добиено оставка. Каде е оставката? Патува од Влада? Чекаме дали ќе биде прифатена? Министерот од Влада решил да даде оставка од морални причини. Ќе му ја оспорите неговата желба дека решил од морални причини да поднесе оставка? Вие ќе го правите неморален? Ова ли е целата игра која треба да се случи во Собрание“, вели Мицковски.

Димитар Апасиев од Левица, цитирајќи ги ставовите на член 219 од Деловникот рече дека премиерот во случај на оставка треба само неа да ја достави до Парламентот.

„Оставката се поднесува до претседателот на Парламентот преку премиерот. Оставката во правото е чин на неотповиклива волја. Оставката не е чин, која некој да ја оценува или преоценува, бидејќи е висок етички морален чин на оној кој ја поднесува. И самиот подносител кога ќе ја пушти не може да ја повлече, а не некој да му ја преоценува“, рече Апасиев, кој забележа дека Џафери треба да реагира до премиерот зошто уште оставката не е доставена до Собранието.

Пратеникот Антонијо Милошоски побара предлог точката за одлука за разрешување на Венко Филипче од функцијата министер за здравство да биде ставена на дневен ред посочувајќи дека очекува поддршка од страна на сите пратеници, односно како што рече тој да се констатира оставката за да може на овој важен ресор да се предложи посоодветна личност.

„Сметаме дека тоа е најмалку што може да го направи Собранието, да ја констатира оставката на министерот Филипче, којшто сноси објективна одговорност за ваквата катастрофа, а за субјективната негова одговорност или на други чинители ќе се одлучува во истражна постапка Јавното обвинителство“, рече Милошоски.

Претседателот на Собранието Талат Џафери кажа дека тој ќе ги стави оставките на дневен ред тогаш кога ќе му бидат доставени од премиерот.

По барање на координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Мицевски, Џафери да даде пауза за да бидат доставени оставките од Владата, претседателот на Парламентот даде пауза, но образложи дека и да стигнат оставките, тој нема да може да ги стави на дневен ред денеска.

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе