Брифинг на претседателот на Собранието на Македонија

Џафери не го оправдува Адеми, но вели дека бил испровоциран

„Немам надлежност да побарам одговорност, тоа се пратеници, а не службеници. Поуката е дека тоа не смее да се случува во Собранието, а нема да се случи доколку тој што е пратеник си седи на место“, рече претседателот на Собранието Талат Џафери за завчерашнот инцидент кога Арбер Адеми како претседател на комисија, фрлаше предмети кон пратеници од опозицијата. Џафери рече дека инцидентот не го предизвикал Адеми, кого не го оправдува, туку, како што оцени, „тие кои отидоа на говорница и кои му го искорнаа микрофонот на Адеми“.

„Не го оправдувам Адеми, не е добро такво нешто да се случува во Собранието, настанот беше испровоциран. Како и да е, никој не треба да реагира така, ни власта, ни опозицијата. Тој е поединец, не оправдувам, туку упатувам порака да не се повторува, да не се случува, а нема да се случи ако никој не испровоцира. Ова е законодавен дом, тие се пратеници и имаат индвиидуална одговорност, тоа се прописите“, рече Џафери.

Според Џафери, настанот треба да се гледа во целина, а не само во „исечоци". Тој информира дека имал средба и со европратениците и ги известил за инцидентот, им дал и интегрална снимка од собраниската режија за да ја оценат ситуацијата.

Прашан во однос на барањето на ВМРО-ДПМНЕ и Левица да се расправа за разговорите со Бугарија, Џафери рече дека при поднесување на иницијативата не е испочитувана процедурата за доставување на материјалот до соодветното тело.

„Пратениците на 24 јуни пратиле заклучоци од Брисел до Комисијата за европски прашања. Фактички деловникот пропишува дека сите нешта се доставуваат преку претседателот на Собранието и таков материјал не сум примил, ниту е адресиран таков материјал до мене. Материјалот е адресиран директно до Арбер Адеми, кој не е надлежен да споделува материјал, кој е дојден до него. Според Деловникот сите материјали се доставуваат до претседателот на Собранието, кој веднаш, најдоцна до три дена треба да го прати до пратениците и да почне законодавната постапка. На самата седница може да се дополни дневниот ред, но материјалот треба да е дојден до мене, да ја добие постапката, процедурата да се почитува“, нагласи Џафери.

Во однос на денешната седница за пратенички прашања и за утрешната поднесена интерпелација за него, Џафери рече дека очекува атмосферата да биде парламентарна, без оглед кој ќе биде видот и начинот на поставување на прашањето.

„Не очекувам да има никаков проблем, по однос на редот во пленарна сала. Утре истоветно, зошто би имало проблем, кога интерпелацијата се однесува на мене“, рече Џафери.

Одговарајќи на прашање околу изјаснувањето на пратеникот од Алтернатива, Скендер Реџепи, дали припаѓа на мнозинството или опозицијата, Џафери рече дека штом во поднесената изјава дека се изјаснува како независен пратеник, како што рече, „по дифолт испаѓа дека тој припаѓа на мнозинството".

„Тој се изјасни дека излегува од партијата Алтернатива и од дента кога ми пушти писмо, тој се изјасни како независен пратеник во смисла дека веќе не почитува партиски одлуки од Алтернатива. Фактот што не се изјасни по однос на мнозинство или опозиција, значи останува официјално во мнозинството, бидејќи не се изјаснил по тој статус. Тој само се издвоил“, заклучи Џафери.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе