По повикот на Алијанса за Албанците

Движењето Беса прифаќа трипартиска предизборна коалиција

Движењето Беса е отворено за трипартиска предизборна коалиција во согласност со повикот на Алијансата за Албанците, соопштуваат од Беса по синоќешниот состанок на Централното претседателство на партијата што се одржа во Тетово.

На состанокот, како што информираат од партијата, биле донесени три одлуки.

„Се потврди ставот дека Движењето Беса, е отворено за можна трипартиска предизборна соработка, во согласност со повикот на Алијансата за Албанците. Второ, Централното претседателство му наложи на Генералниот секретар на Движењето Беса, Арјанит Хоџа, да ја предложи стратегијата на Изборниот штаб и неговиот состав на следниот состанок на Централното собрание“, соопштија од партијата.

Третата одлука, како што се додава во соопштението, се однесува на организацискиот секретар, Аднан Азизи, кој е задолжен да ја состави агендата за посети на секоја албанска населба, вклучително и дијаспората, каде ќе биде претставена платформата „Беса“.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе