Поделба на „колачот“

ДУИ се откажа од проектот прв Албанец премиер и доби 6 министерски места, 5 заменици, директори во МЕПСО, МАЛМЕД...

Владините коалициски партнери веќе се договориле ДУИ да добие пет заменик-министерски места, како и раководните функции во МЕПСО, ЈПДП, МАЛМЕД...

Од 15 заменик-министри во владата ДУИ ќе има пет (во министерствата за правда, за внатрешни работи, за здравство, за одбрана и за транспорт и врски), а СДСМ тројца заменици (во министерствата за финансии, за администрација и земјоделство). ДПА ќе има еден заменик, и тоа во Министерството за надворешни работи, каде што министер е Бујар Османи. Партијата ДОМ добива заменичко место во Министерството за животна средина.

Беса освен министерското место за земјоделство, ќе номинира двајца заменици, и тоа во министерствата за образование и за култура, а Демократската партија на Турците добива едно заменичко место во Министерството за политички систем. Партијата на Павле Трајанов, Демократскиот сојуз, ќе има заменик-министер во локалната самоуправа, а Сојузот на Ромите на Амди Бајрам ќе има заменик-министер во труд и социјала. НСДП ќе треба да предложи кандидат за заменичкото место во Министерството за економија.

Рокот за завршување на овие преговори е до петок, па во оваа прераспределба можни се и измени. До 18 септември се очекува предлозите да бидат доставени до Собранието за избор на замениците.

Во медиумите се појавија и имињата на можните заменик-министри од редовите на ДУИ. Назим Буши можно е да биде новиот заменик-министер за внатрешни работи, Агим Нухиу од МВР би одел во правда, Беким Реџепи за транспорт и врски, Башким Хасани во одбрана и Илир Хасани во Министерството за здравство.

Вицепремиерот Артан Груби изјави дека ДУИ ќе ги добие раководните позиции во Јавното претпријатие за државни патишта, Македонски електропреносен систем-оператор (МЕПСО) и Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД).

Има уште раководни функции по јавните претпријатија и агенции што ќе бидат дел од преговорите за поделбата на овие места меѓу владините коалициски партнери.

А.Д.

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе