„Со овој постигнат договор уште еднаш се докажува дека преку социјален дијалог може да се постигне договор кој е прифатлив и достапен за сите, а со ова вработените во образованието веќе од септември да имаат повисоки месечни плати за 15 отсто, историско покачување на плати.
ДУИ е систематски посветена за подобрување на животниот стандард на вработените во образованието, потсетувајќи дека на ова зголемување од 15 отсто му претходеше кумулативното зголемување од 21 отсто од 2017 година, период кога со Министерството за образование раководеше кадар на ДУИ“, порачува партијата.
Зголемувањето на месечните плати е во согласност со одлуката реализацијата да започне од месец септември оваа година, додека на сите вработени во образованието кои штрајкуваа да им се даде целосна плата, нагласува ДУИ.
Од партијата додаваат дека паралелно со зголемувањето на платите во образованието, ДУИ продолува да ја дефинира методологијата за постепено зголемување на платите, со што ќе се заштити стандардот на наставниците и истовремено ќе се отстрани политичкото влијание од образованието.
„Демократската унија за интеграција, низ овие 20 години се покажа како одговорна партија која стои покрај граѓаните и истата ќе продолжи и во иднина да го подобрува животниот стандард, дури и во услови на економска криза“, се вели на крајот од партиското соопштение.