Ахмети за приштинска Т7

ДУИ не отстапува: Насер Зибери треба да биде идниот премиер

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети, во интервју за косовската телевизијата Т7 синоќа изјави дека по парламентарните избори во земјава, на кои неговата партија освои 15 пратенички мандати, иден премиер треба да биде Албанец, односно кандидатот на ДУИ Насер Зибери.

Како што јавува МИА од Приштина, гостувајќи преку видео–врска во емисијата „Пресинг“ на Т7, Ахмети порачал дека „на хегемонистичките политики им дојде крајот и идејата за премиер Албанец ќе заживее мошне бргу“.

„Албанците имаат право исто колку и Македонците и сé додека премиер може да биде Македонец зошто не би бил и еден Албанец“, рече Ахмети.

Одоговарајќи на новинарско прашање,тој кажал дека се неосновани гласините оти неговите барања можат да доведат до дестабилизација на регионот и нагласил дека неговата партија ќе остане фактор на стабилноста.

„ДУИ никако нема да дозволи да се направат чекори наназад од Преспанскиот договор, од Договорот за добрососедство со Бугарија и од Охридскиот договор“, вели Ахмети.

Тој информирал дека веќе стапил во контакт со лидерите на останатите партии на Албанците кои ќе имаат пратеници во идното македонско Собрание, односно со Зијадин Села од Алијансата за Албанците, Биљал Касами од Беса и Мендух Тачи од Демократската партија на Албанците. Целта на контактите, според него, била „да се заживее сонот за прв премиер Албанец во Северна Македонија“. За содржината на тие разговори лидерот на ДУИ информира единствено дека Села, како лидер на коалицијата која освои 12 пратенички места, му рекол оти ќе му одговори откако официјално ќе се потврдат резултатите од гласањето.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе