„Инцидентот меѓу активистите на ВМРО, Левица и Алијанса не може да не се смета за однапред смислен и испланиран од оваа коалиција, бидејќи протагонисти беа токму овие три партии и нивните поддржувачи.
Лицето што вечерва ги нападна своите коалициски партнери, вчера заедно со својот брат водеше кампања за ВМРО-ДПМНЕ, додека денес е функционер на ВМРО, директор на Комунална хигиена во Скопје”, пишува во партиското соопштение.
ДУИ повикува на смиреност и непоттикнување на меѓуетнички инциденти и насилство на протестите.
„Антиевропските сили нема да успеат затоа што нашата земја е во НАТО и граѓаните ја сакаат Европа”, додаваат од ДУИ.