ДПА ја напушти лидерската средба, одлуките биле однапред донесени, а албанскиот блок бил декор

Демократската партија Албанците ја напушти лидерската средба што ја свика претседателот Стево Пендаровски, во вила Водно, а партискиот претставник Орхан Ибраими за медиумите изјави дека тоа го направиле бидејќи одлуките биле однапред донесени од двете политички партии од македонскиот блок.

„Денеска сме присутни на овој состанок поради новата сериозна состојба со вирусот и предлагаме што побрзо да се воведе вонредна состојба. Го напуштивме состанокот затоа што мислиме дека како албански политички партии сме декор во овие институции и во оваа земја, затоа што одлуките однапред се донесени од двете македонски политички партии“, рече Ибраими.

Тема на лидерската средба е одложување на парламентарните избори.

На средбата присуствуваат лидерите на СДСМ, Зоран Заев, на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, на Алтернатива Африм Гаши и на Движењето БЕСА, Билал Касами. Во име на ДУИ на состанокот присуствуваат Бујар Османи и Изет Меџити.

На средбата се присутни и претседателот на Собранието Талат Џафери и претседателот на Владата Оливер Спасовски.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе