ДОМ го разгледува францускиот предлог, за него ќе се изјасни наредните денови

Зелената партија ДОМ, инаку дел од владејачката коалиција го разгледува францускиот модифициран предлог и наредните денови ќе заземе став.

„Раководството на Зелената партија ДОМ детално го разгледува последниот предлог за почеток на преговори со ЕУ.

Во текот на следните неколку денови следат консултации со експерти и граѓански организации, по што ќе заземеме став кој ќе го споделиме со јавноста“, објави претседателката на партијата, Маја Морачанин на социјалните мрежи.

Премиерот Димитар Ковачевски вчера имаше средба со сите коалициски партнери, парламентарни и вонпарламентарни на кои им го презентирал последниот француски предлог. Со оваа средба почнаа широките консултации што ги најави Владата.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе