Став на поранешен висок функциониер на ДУИ

Дочи: Груби се крие зад фигурата на Ахмети, така ДУИ ќе го загуби и Скопје

Ракип Дочи, поранешен висок функционер на ДУИ, кој беше и директор на скопски „Комуналец“, поддржувајќи ја иницијативата на „огнената група“ на таа партија која прстот за неединство го впери кон Артан Груби, предупредува дека откако партискиот лидер застана зад Груби, дека ДУИ ќе биде на патот, по поразот од Беса во Тетово, да ги загуби позициите и во Скопје, а оттаму, вели, се отвораат повеќе бездни.

Никој нема право да се крие зад ликот на Али Ахмети, но тоа право го ужива Артан Груби, вели Дочи и нагласува дека ДУИ не може да биде ничија сопственост, бидејќи „тоа е тврдината градена од 2002 година со потта на многуброни активисти, тоа е замок кој никој не смее да го земе“.

Како што анализира Дочи, летово,  за поразот на локалните избори во Тетово, не е директно виновен лидерот, туку дека носителот на неуспехот е Артан Грбуи.

„Ако тој факт и натаму се толерира, утре може да се доживее пораз и во Скопје и пошироко. Така што оваа иницијатива е обид да се спаси ДУИ и конкретно неприкосновениот лидер Али Ахмет“, вели Дочи.

Ракип Дочи

Неговиот став на Фејсбук го сподели и пратеникот Изет Меџити, поранешен градоначалник на Чаир. 

Познато е дека уште пред повеќе од година и пол Изет Меџити изрази несогласување со водството на ДУИ, а особено несогласување јавно изрази со политиката на Артан Груби. 

На собраниска седница за пратенички прашања кон крајот на 2020 година Меџити, што е многу невообичаено, му постави пратеничко прашање на првиот вицепремиер Артан Груби за застојот со изградбата на автопатот кон Блаце и за состојбите во економската зона во Визбегово, по што веднаш Груби ја напушти седницата, а одговори на Меџити му беше најавено дека ќе добие од друг министер.

Малку подоцна Меџити најави дека во ДУИ има неединство и дека Груби е главната причина. Тој извршува работи и на главен во кабинетот на Ахмети, и на генерален секретар, ги води кадровски прашања и ги раководи младинците, контролира дел од медиумите и остварува нарачки за напади на неистомисленици, рече тогаш Меџити.

По три месеци ја напушти функцијата координатор на пратеничката група на ДУИ, откако претходно лидерот Али Ахмети изјави дека на партиски состанок е надминато недоразбирањето со извесен број на истакнати членови на партијата, оценувајќи дека не станувало збор за неединство.

„Дискутирани се сите прашања, јавноста е заинтересирана затоа што имаше различни информации во отсуство на овие состаноци поради пандемијата, но јас ги уверувам сите дека сѐ е разјаснето на оваа средба. ДУИ е добро организирана, затоа што сите сме единствени и унифицирани. Сите разлики меѓу нас се надминати“, рече тогаш Ахмети.

Дел од тогаш споменуваните противници на Ахмети и Груби, сега стојат со име и презиме и потпис на отвореното писмо на групата наречена „огнена“.  Потписници на тоа писмо, меѓу другите се и Муса Џафери, Блерим Беџети, Невзат Бејта, Изет Меџити, Висар Ганиу, Башким Хасани...

Нив Ахмети веќе вчера им одовори дека не го дава Груби. Според Ахмети, ДУИ многу постигнала во изминатиот период на планот на стабилноста на државата и евроатланските интеграции и на „бунтовниците“ им порача дека ДУИ со своето единство пракично може да функционира без секого.

„ДУИ може да функционира без кој било поединец, затоа што има стабилни структури. Без сомневање, ДУИ има воспоставено стабилни структури кои можат да функционираат без Али Ахмети, Блерим Беџети, Муса Џафери, Изет Меџити. Ова е национална инвестиција која има силна основа и силна поддршка. За 20 години има инвестирано во кадарот на партијата. Советот и Конгресот се функционални, за анархија нема место", им порача Ахмети.

Аналитичари Албанци прогнозираат дека овојпат Ахмети нема лесно да може да го преброди новиот напад. 

„Ќе продолжи и ќе се заостри борбата за доминација меѓу клановите во ДУИ, бидејќи лидерот на партијата Али Ахмети веќе ја отфрлил оставката, што ја поднел неговиот чирак Артан Груби од позицијата потпретседател на Владата, која ја бараше герилската" 'Огнена група'", вели аналитичарот Медаи Шахоли во својата колумна под наслов „Двобојот меѓу интегристите" во весникот „Лајм".

П.Џ.

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе