Локални избори

До 18,30 часот гласале 48,96 отсто од гласачите

Излезноста на гласачите на локалните избори до 18:30 часот е 48,96 проценти, покажуваат податоците објавени на веб-страницат на Државната изборна комисија. Најголема излезност има во Македонски Брод 76, а најмала во Боговиње 27,25 отсто.

ДИК првичните резултати од локалните избори добиени по електронски пат од општинските изборни комисии ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците од општинските изборни комисии треба да ги објави во рок од 12 часа по завршувањето на изборите.

Ова се седмите локални избори од независноста, а трети на кои се бираат градоначалници и советници во 80 општини и Градот Скопје. Право на глас имаат 1.824.864 граѓани. 

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе