До ОЈО Скопје

ДКСК ќе поднесе иницијатива за кривично гонење на Рашковски и Зекири за вработување хонорарци во Владата

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) ќе поднесе иницијатива за поведување постапка за кривично гонење до Основното обивинителство – Скопје против поранешните генерални секретари на Владата, Драги Рашковски и Мухамед Зекири, кои според сознанијата на Антикорупција за време на извршување на нивната службена должност сториле кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, во врска со склучување авторски договори од страна на Генералниот секретаријат со лица од надвор.

Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска појасни дека законска основа за оформување на овој предмет била објавата во медиумите дека Владата за потребите на Генералниот секретаријат заради извршување специфични ангажмани врз основа на авторски договори ангажирала поголем број физички лица надвор од редот на вработените, при што биле исплаќани хонорари, кои само за еден месец изнесувале над 37 илјади евра односно над милиони евра за 2019 и 2020 година.

Според одговорот од Генералниот секретаријат на 31.10.2021 година вработени во редовен работен однос биле 253, преку авторска Агенција во тој момент биле 54, а отстапени работници преку приватна Агенција 18 и ангажирани преку договор за дело осум лица.

Генералниот сдекретаријат пред склучување на договорот, укажуваат од ДКСК, писмено се обраќал до авторската Агенција, од која барал склучување авторски договор со конкретни лица, чии лични податоци се содржани во барањето, во кое се наведени задачите што лицето ќе ги извршува, месечниот надоместок, периодот на ангажманот... Во периодот од 2017 до 2021 година од Генералниот секретаријат до Агенција за интелектуална сопственост „Артпицк" испратени се повеќе од 170 барања за изработка и склучување авторски договори со конкретни лица.

Врз основа на расположивите податоци, ДКСК има сознанија дека во периодот од 2017 година до 2021 година врз основа на овие авторски договори од страна на Генерланиот секретаријат биле исплатени најмалку 153 милиони 244 илјади 219 денари.

Во 2017 година биле исплатени 15 милиони денари, во 2018 година 44 милиони денари, во 2019 година 35,500 милиони денари, во 2020 година 33,500 милиони денари и во 2021 година 24 милиони денари.

Од ДКСК укажуваат дека врз основа на документација која им била дадена на увид, доминантна е застапеноста на ангажмани за подолг период за што се вршени повеќекратни исплати, еднаш месечно и по лица, за изршување задачи.

„Во секој од посочените периоди на ангажирање лица од страна на Генералниот секретаријат врз основа на авторски договори, му претходело склучување договор со авторска агенција по спроведена постапка. Во спроведени девет постапки за јавна набавка на услуги од авторска агенција од 2017 година до 2021 година биле склучени девет договори со истата агенција за интелектуална сопственост, која во сите постапки понудила иста цена на провизија, што била критериум за избор од 0,01 процент од бруто надоместокот по поединечно склучен договор“, појаснуваше претседателката на Антикорупција.

Вредноста на поединечно склучените договори во 2017 година со ДДВ е 2.288.136 денари, во 2018 година 2.700.000 денари, во 2018 година 4.576.000 денари, во 2019 година 270.000, во 2020 година околу еден милион денари и во 2021 година 270 илјади денари.

Антикорупција се стекнала со сознанија дека од страна на лицата ангажирани врз основа на авторски договори, со различно времетраење, од кои дел се продолжувани со анекси, извршувани се повторливи дневни задачи и активности за потребите на Генералниот секретаријат.

„Мал дел од активностите, од кои најголем дел се извршени во период од повеќе месеци, се поврзани со задачи вршени во насока на креирање на интелектуален труд, кој би можел да се квалификува како авторско дело, согласно дефиницијата на Законот“, рече Ивановска.

Дел од описите, наведе Ивановска, се следни: анализа на информации и податоци за изготвување извештај за елаборирање и советување, при што се ангажирани повеќе лица во различни области и тоа економија, право, финансии, ревизија, енергетика, градежни работи, презентација, промоција, оперативно – техничка поддршка, европски прашања, подобрување на бизнис климата во државата, реформски приоритети од областа на техниката, имплементација на акциски планови, геодезија, организација на средби со потенцијални инвеститори, за Медиа центарот во Владата, за салата за состаноци на Владата, од областа на надворешна политика, активности поврзани со односи со медиуми, медиумски мониторинг и прес активности, организација на настани, анализа поврзани со медиумско известување, проекти за искористување на ИПА фондовите, за преводи на Генералниот секретаријат, координација на евроинтеграциите...

ДКСК смета дека со тоа не се подразбира креирање на авторско дело, туку се работи за преземање конкретизирани и повторливи дејствија на дневна основа. Претседатлката на ДКСК, Ивановска како пример ги наведе присуство на седници и креирање записници, присуство на средби и состаноци, постапување по предмети од различни области, креирање содржини за веб страна и социјални мрежи, анализа на настапи во медиумите, фотографирање и организација на нстани, давање редовни консултации, организација на обуки, контактирање на надворешни стани, ИТ одржување и слично...

„Уште постојат злоупотребите на дискреционите овластувања, кои преку клиентелизмот, непотизмот се се поприсутни во институциите“, рече Ивановска.

Додаде дека постапките за вработување во јавниот сектор не се целосно транспарентни, посебно не во однос на критериумите пресудни за изборот, ниту се обезбедува увид на засегнатите страни во целата постпака.

Идентификувани се 28 вработени лица за кои ДСКСК има сознание дека претходно биле ангажирани врз основа на авторски догвоори, што значи дека тие имале конкурентска предност пред останатите кои се јавиле на конкурс.

ДКСК вршела анализа на периодот од 1 јануари 2017 година до 31.10. 2021 година, при што стекнала сознанија дека во посочениот период од страна на Генералниот секретаријат на Владата врз основа на авторски договори во 2017 година, покрај лицата во редовен работен однос, дополнително биле ангажирани уште 93 лица, застапувани од Агенцијата за интелектуална сопственост „Артпицк". Во 2018 година имало 119 лица врз основа на авторски договор преку истата Агенција и 25 лица преку приватна Агенција за вработување, во 2019 година има 103 лица врз основа на авторски договор и 32 лица преку приватна Агенција за вработување, во 2020 година се 118 лица со авторски договори и 36 лица преку приватна Агенција за вработување. Во 2021 година заклучно со 31.10. покрај лицата во работен однос биле ангажирани уште 78 лица со авторски договор и 18 други преку приватна Агенција за вработување, 

Како што изјави претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска врз основа на јавно достапни податоци во периодот од 2018 година заклучно со 2022 година државни институции, органи на државна управа и единици на локална самоуправа, како и јавни претпријатија, склучувале договори во вкупна вредност од над 300 милиони денари само со една Агенција за интелектуална сопственост.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе