Притоа, тој посочи дека еден обвинител од ОЈО Скопје, кај кого било утврдено нестручно работење, поднел оставка која ја констатирал Советот на јавни обвинители.
Јовески рече дека е донесен Правилник за следење на квалитетот на работењето на јавните обвинители и нивното оценување, со што ќе се подобрува квалитетот на работењето. – Ќе се оценува работата на секој обвинител посебно, квантитативно и квалитативно, рече Јовески.