НЕПРИЗНАЕНА ДИПЛОМА

Директорот на Водовод заработи кривична пријава за измама, дипломата не може да ја најде

Директорот на јавното претпријатие Водовод и канализација Александар Атанасов заработи кривична пријава за измама од Синдикатот за туризам и стопанство  поради  неговото директорување без признаена диплома.

Од Синдикатот велат дека  трудови инспектори ја барале на увид дипломата на директорот Атанасов, но според нив директорот со денови го нема во јавното претпријатие, јави Телевизија 24.

Атанасов, според претседателот на Сидникатот, Дарко Димовски, иако знаел дека неговата диплома е невалидна, истата не ја пријавувал во градот Скопје кај градоначалникот Коце Трајановски и понатаму си ја вршел функцијата генерален директор на јавното претпријатие.

Димовски соопшти дека трудова инспекција веќе два дена го чешлаат „Водовод“. Атанасов наводно не можел да си ја пронајде дипломата, а потоа им соопштил на инспекторите дека таа е уште се наоѓа во Министерството за образование.

Дали Борисов ќе го негира својот претходник, поранешниот премиер, генерал Рачо Петров и ќе продолжи да инсистира на заедничка историја која официјална Бугарија упорно настојува да ни ја подметне.

повеќе

Не треба да паднеме во замката која не втурнува во спиралата на континуирано себепоништување.

повеќе

Инвестицијата за изградба на автопатиштата Штип-Миладиновци и Кичево-Охрид повеќе личи на наш подарок за Кинезите, отколку на вистинска инвестиција.

повеќе