На средбата, на која присуствувле и помошник директорот од Одделот за криминалистичка полиција со претставници од Одделот, се дискутирало за досегашната успешна соработка помеѓу двете служби, како и правците на идната соработка и можностите за нејзино продлабочување.
Како што соопштија од МВР, директорот Тасевски ја нагласил досегашната соработка со американската Агенција за борба со наркотиците, која резултирала со неколку успешни меѓународни операции во кои нашето Министерството за внатрешни работи учествуваше како респектиран партнер.
На средбата, било истакнато дека ваквата соработка ќе продолжи со несмален интензитет и во наредниот период.