Димитров во работна посета на Париз, ќе разговара за Меѓувладината конференција и Преговарачката рамка

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, на 27 и 28 октомври ќе престојува во работна посета на Франција, во пресрет на дефинирањето на Преговарачката рамка која што треба да ги инкорпорира елементите што произлегуваат од новата Методологија за пристапни преговори, иницирана токму од Франција.

За време на дводневната работна посета на Франција, како што соопшти СЕП, предвидени се средби со државниот секретар за европски прашања во Министерството за Европа и надворешни работи, Клеман Бон, со претседателот на Комисијата за европски прашања во Сенатот на Франција, Жан-Франсуа Рапен, со Изабел Думон, дипломатски советник за Континентална Европа и Турција во Kабинетот на претседателот Макрон, Каролин Вино, заменик на Генералниот секетар за европски прашања при Владата на Франција и со Лилиана Танги, пратеничка во Националното собрание.

Во фокусот на разговорите ќе бидат француската поддршка во оваа клучна фаза од нашите евроинтеграции, одржувањето на првата Меѓувладина конференција со ЕУ до крајот на годинава, динамиката на усвојувањето на Преговарачката рамка, а ќе се разговара и за напредокот на Северна Македонија нотиран во Извештајот на Европската комисија, како и за клучните приоритети од ЕУ агендата на кои што Владата ќе биде фокусирана во следниот период.

 

 

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе

Некогаш, долго после нашава посета на овој свет ќе се појави некој кој ќе го интересира нашиот престој тука.

повеќе