Димитров, како што соопштија од СЕП, информирал за приоритетите на новата Влада чиј фокус е ставен на реформите од европската агенда, нагласувајќи ја посветеноста кон квалитативна трансформација на општеството согласно стандардите и вредностите на ЕУ.
„Нашата примарна цел преку спроведување на реформите е да изградиме модерна европска демократија, која што ќе гарантира силни институции и економски напредок во интерес на македонските граѓани“, изјавил Димитров.
Соговорниците се согласиле дека усвојувањето на преговарачката рамка и одржувањето на првата меѓувладина конференција токму за време на Германското претседателство со ЕУ е заеднички интерес.