Димитров од Солун: Не сме совршени, но изградивме силно досие и испорачавме, март е тест за ЕУ

Силна, стабилна и обединета Европа во мир преку целосна интеграција на Западниот Балкан во ЕУ е заложбата на министрите за надворешни работи од земјите од Западен Балкан и од земји-членки на ЕУ кои граничат со регионот кои што во Солун учествуваат на конференцијата на високо ниво посветена на европската перспектива на Западниот Балкан „Од Солун до Загреб”.

На конференцијата, на покана од грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас, учествува и македонскиот министер Никола Димитров кој порача дека „за да може да се продолжи да се говори за европската перспектива на регионот, неопходно е постигнување на консензус за зелено светло за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија без одлагање“.

„Март ќе биде тест и за геополитичките амбиции на новата Комисија и на самата ЕУ за кредибилно глобално влијание. Што се однесува до нас, не сме совршени, но сметам дека сите ќе се согласите дека изградивме силно досие и испорачавме. Крајно време е и да се препознае важноста на моментот од страна на Европскиот совет и да се зграпчи шансата за заеднички успех”, изјавил Димитров.

На таа линија, како што соопшти МНР, биле и дел од заклучоците на конференцијата од која произлезе и заедничка изјава, во која се изразува очекување дека согласно препораките на Европската комисија, ЕУ ќе донесе одлука за отворање на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија пред Самитот во Загреб во мај 2020 година.

На маргините на конференцијата, Димитров оствари билатерална средба со Хелга Шмид, генерална секретарка на Службата за надворешни работи на ЕУ (ЕЕАС), на која разменија мислења околу актуелната атмосфера во рамки на ЕУ институциите и земјите-членки, како и за евентуалните предизвици  и изгледите за заслуженото конечно исчекорување напред на Македонија на евроинтегративниот пат. Шмид искажала признание за крупните чекори и напредокот што го направи земјата, изразувајќи надеж дека овој пат ќе има добри вести за почеток на преговорите.

Димитров имал куси разговори и со учесниците на конференцијата, меѓу кои министрите од Грција, Хрватска, Црна Гора и Словенија, Дендиас, Грлиќ-Радман, Срѓан Дармановиќ, Миро Церар, како и со Мачеј Поповски, заменик генерален директор за соседска политика и преговори за проширување при Европската комисија.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе