За Бугарското национално радио

Димитров: Македонија е генетски поврзана со Србија и Русија и не сака да им сврти грб

„Проблемот со европската интеграција на Република Северна Македонија не е централен за бугарскиот политички државен врв. Формално, секоја влада носи одлуки од надворешнополитички аспект. Во оваа состојба во која што ни е државата, при прилично спорен легитимитет на сите во власта, од гледна точка на нивното преставување меѓу Бугарите, редно е да се запрашаме дали во ваков момент можат да се носат решенија кои ги засегаат основните  национални интереси“, вели бугарскиот копретседател на Мешовитата историска комисија, Ангел Димитров.

Во интервју за Бугарското национално радио, Димитров кажа дека нема потреба да се свикува Консултативниот совет за национална безбедност и дека „не треба топката постојано да се префрла од една институција на друга“.

Тој ја обвини Македонија дека Договорот за пријателство и добрососедствцо го смета за формален акт, за влезен билет за ЕУ, а не за солиден политички ангажман. Освен тоа, вели дека не треба да живеат со претставата за лажни сигнали, дека нешто се случува, а резултати нема.

Димитров го критикува и премиерот Кирил Петков за кого вели дека е еуфорично убеден дека сложениот јазол може да се одврзе, а зад тоа се криеле неизвесни дејствија кои создавале притисок во бугарската јавност.

Тој нагласува и дека нема ништо заедничко меѓу бугарската позиција и интересите на Русија, а тезата за тоа е несериозна и непријатна.

„РСМакедонија има државност која е генетски поврзана со Србија и Русија. И не може или не сака да им сврти грб. Затоа се апсурдни тврдењата дека бугарската позиција е во служба на Русија или Србија. Бугарија категорично ја поддржа евроинтеграцијата на Северна Македонија за да ѝ помогне да се тргне од старата југословенска комунистичка орбита. Треба да се внимава на таквите евтини политички мантри кои ја дискредитираат нашата земја“, вели Димитров.

 

 

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе