Во Брисел

Димитров и Рот разговараа за првата меѓувладина конференција со Македонија

Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров утрово во Брисел имаше средба со државниот министер за Европа на Германија, Михаил Рот, со кого, непосредно пред одржувањето на Советот за општи работи на ЕУ, разговарале за одржувањето на првата меѓувладина конференција со ЕУ за време на Германското претседателство.

Димитров и Рот се согласиле дека оваа заедничка цел ќе претставува и заеднички успех на Северна Македонија, ЕУ и Германија, како актуелен претседавач со Унијата.

„Пристапниот процес е најдобрата алатка европските стандарди и принципи да ги воведеме дома. Северна Македонија е цврсто решена да стане просперитетна европска демократија во која ќе владее правото”, изјавил Димитров.

Како што соопштија од СЕП, од германска страна било истакнато дека првата меѓувладина конференција со Северна Македонија, почетокот на пристапните преговори, е еден од врвните приоритети на Германското претседателство со ЕУ.

Средбата била искористена и за подготовки на посетата на Димитров на Берлин, која што е предвидена да се реализира следната недела, на покана на министерот Рот.

На маргините на Советот за општи работи Димитров имаше куса средба и со министерот за надворешни работи на Луксембург, Жан Аселборн.

 Посетата на Брисел продолжува со средби со потпретседателот на Европската комисија задолжен за промоција на европскиот начин на живот, Маргаритис Схинас и еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји, како и со други претставници на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Европската комисија.

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе