Државен пазарен инспекторат

Девет пријави за угостителски објекти за непочитување на протоколите

Девет пријави за непочитување на протоколот за работа на угостителските објекти во услови на ковид-19 поднел Државниот пазарен инспекторат за време на продолжениот викенд. Државниот инспекторат за труд донел четири решенија и три укажувања на работодавачите веднаш да почнат да се придржуваат кон препораките.

Инспекторите на Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за транспорт, Државен трудов инспекторат и Управата за јавни приходи во текот на продолжениот викенд работат интензивно на терен и вршат контрола на начинот по кој се спроведуваат протоколите пропишани од страна на здравствените власти за заштита од конронавирусот ковид-19, соопшти Владата.

Државниот пазарен инспекторат денеска до 16:00 часот поднел пет кривични пријави за непочитување на протоколот за работа на угостителските објекти во услови на ковид-19 од кои три во Струга, една во Пониква, Кочани, и една во Маврово. Исто така денеска инспекторите на Државниот пазарен инспекторат поднеле и четири прекршочни пријави за утврдени неправилности при работењето на угостителски објекти.

Пазарните инспектори се во засилена контрола во туристичките места во државата и вршат надзор на спроведувањето на владините мерки.
Државниот инспекторат за транспорт од направените надзори денеска во Штип, Тетово и Велес не утврдил прекршувања. Констатирано е дека во целост се почитуваат владините уредби.

Од страна на Државниот инспекторат за труд се донесени четири решенија и три укажувања на работодавачите за носење заштитни маски, заштитни ракавици, користење средства за дезинфекција, проветрување, ослободување на вработените од ризичните групи. Побарано е веднаш да почнат да се придржуваат кон препораките на Владата.

Инспекторите на Управата за јавни приходи на терен вршат контроли на прометот и дејствуваат едукативно, се додава во владиното соопштение.

„Каде да летнеме викендов е пристап што како таков повеќе нема да постои“...

повеќе

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе