Реакции на „бомбата“ на Заев и во Хрватска

Морам да ви кажам дека прислушувањето е незаконско, а од друга страна тоа е и против елементарниот политички бонтон. Државите на Европската Унија се обврзаа и на почитување на законот и на почитување на политичкиот бонтон. Да бидам експлицитен, никој нема право да прислушува некого или шпионира, вели во изјавата за МКД.мк хрватскиот адвокат и политичар, Иван Руде, инаку кандидат за претседателски кандидат на последните избори во Република Хрватска. Тој додава дека ваква афера е вистински анахронизам за модерните држави.

Иван Руде

Поради претседателските избори, проблемите со бескрајниот протест на бранителите и ескалацијата на курсот на швајцарскиот франк, набљудувачите во Хрватска веќе забележале дека хрватската јавност едноставно немала време да ги следи настаните во регионот и во државите на поранешните југословенски простори.

Така се случи, дури вчера, кога неколку хрватски телевизии ја објавија веста од прес-конференцијата што ја одржа првиот човек на македонската опозиција, Зоран Заев, фамозната „бомба“ да одекне и во хрватската јавност. Имено, не влегувајќи во детали, самата информација за прислушување на повеќе од 20.000 луѓе во држава помала од еден Белград, меѓу кои биле следени и свештенството, опозициските лидери, водачи на албанските етнички партии, предизвика голем интерес во хрватската јавност, а веќе денеска, на хрватските улици и плоштади македонската тема влезе во најтесниот круг на јавни коментари.

Веднаш се обидовме да слушнеме мислење од службата на Никола Јелиќ, кој раководи со секторот за односи со јавност на хрватската влада. Љубезно не известија дека за сега немаат коментар, ги следат настаните, а подготвени се по потреба писмено да одговорат на медиумски прашања. Сличен одговор добивме и во хрватското Министерство за надворешни и европски работи, каде ни рекоа дека во врска со аферата со прислушувањето тие се во перманентен контакт со соодветните тела на Европската Унија која својот став и препорака по тоа прашање веќе го изнесе.

Нашиот извор од министерството, кој замоли да остане анонимен, ни потврди дека нивните служби со голем интерес го очекуваат епилогот и целосната презентација на материјалите кои ги поседува опозицијата, но за сега целата постапка се третира како внатрешна работа на Македонија.

Во телевизиските коментари можеше да се забележи воздржаност во однос на настанот, но и изненадување од обемот на прислушуваната популација и техничките можности на службите кои се впуштиле во тој предизвик. Слично е и со коментарите на Бојан Арежина и Тихана Пшенко во „Вечерњи лист“ и порталот „Дневно“. Политикологот од Загреб, Младен Јурковиќ, смета дека во натамошниот расплет македонскиот премиер и групата околу него нема да ги амнестира можноста да е вмешана и некоја странска служба, но тој со жалење констатира дека дека ова уште повеќе ќе ја одалечи Македонија од патот кон ЕУ. Впрочем, тој вели дека скандалозната афера само потврдува дека степенот на демократијата и на демократските процеси во политичкиот систем се на доста ниско ниво.

Посебно го издвојуваме коментарот на еминентниот хрватски адвокат и политичар, Иван Руде, инаку кандидат за претседател во последните избори во Република Хрватска. Тој во својата изјава се задржа стриктно на правната димензија на аферата. Имено, тој смета дека во овој момент, навлегување во некои политички мотиви, тензии и конфронтации би било невкусно и неопортуно. Меѓутоа, што се однесува до прислушувањето (поединечно или масовно) тоа е во јуристичка смисла сосема јасно и претставува меѓунардоно правен аксиом.

„Морам да ви кажам дека е тоа незаконски, а од друга страна тоа е и против елементарниот политички бон-тон. Државите на Европаската Унија се обврзаа и на почитување на законот и на почитување на политичкиот бон-тон.  Да бидам експлицитен, никој нема право да прислушува некого или шпионира. Тоа се знае кога се прави, исклучиво во казнена постапка и со стриктно определен рок, најчесто до една година“, вели Руде.    

Во својата изјава за МКД.мк тој посочува дека вакви афери не се својствени на модерни држави.                     

                                                   Сашо Георгиевски, дописник од Хрватска  

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе