Денеска во Собранието на дневен ред е ратификацијата на Протоколот за НАТО

Во 15 часот во Собранието на Македонија е закажана пленарна седница на која пратениците  ќе го ратификуваат Протоколот за членство на Македонија во НАТО.

Свеченоста ќе почне во Собранието во 12:45 часот, кога ќе пристигне и првиот гостин, д-р Мирослав Туѓман, пратеник и шеф на Хрватската делегација во Парламентарното Собрание на НАТО. Освен Туѓман, на свеченоста ќе присуствуваат и Атила Местерхази од ПС-НАТО, како и Василика Хуси, потпретседателка на Парламентот на Албанија, Цвета Карајанчева, претседателка на Националното собрание на Бугарија, како и Генци Ниманбегу, потпретседател на Парламентот на Црна Гора.

На седницата која ќе започне во 15 часот ќе се обрати претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, потоа премиерот Оливер Спасовски, координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски, лидерот и пратеник на ДУИ, Али Ахмети, по што ќе се обрати координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Во име на Независната пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе се обрати пратеничката Нола Исмајлоска Старова, потоа пратеникот на Алијанса на Албанците, Сурја Рушиди, лидерот и пратеник од Алтернатива, Африм Гаши, пратеникот од Беса, Фадил Зендели и Мерал Ферати од ДПА.

Последен ќе се обрати претседателот на Собранието, Талат Џафери, по што на пратениците ќе им се обрати претседателот на Парламентарното Собрание на НАТО, Атила Местерхази.

Откако и официјално ќе се ратификува Протоколот, пред Собранието свечено ќе биде подигнато знамето на НАТО. Ратификацијата има одложено дејство, односно ќе стане официјална откако и Шпанија ќе се согласи за членството на Македонија во НАТО, што се очекува да се случи во март.

Македонското Собрание треба неделава да се распушти поради изборите кои се закажани за 12 април.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе