Собрание

Денеска нова пленарна седница, пратениците ќе расправаат за измени на закони

Во Собранието на Македонија за денеска е закажана 79. пленарна седница на која на дневен ред се 40-тина точки. Пратениците треба да расправаат за измените на Законот за детективска дејност, на Законот за гранична контрола и на Законот за оружје, како и за измените на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.

На дневен ред на седницата се и измените на Законот за акцизи и на Законот за данокот на додадена вредност, двата по итна постапка. Во скратена постапка поднесени се предлог измените на Законот за судска служба, Законот за јавнообвинителска служба и на Законот за извршување на санкциите.

Меѓу точките на дневен ред се и измените на Законот за служба во Армијата, на Законот за здравствена заштита и на Законот за нотаријатот, како и предлог – завршната сметка на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година.

На седницата се и предлог кодексот за престанување на важење на Кодексот за етичко однесување на пратениците во Собранието, предлог измените на Законот за просветна инспекција, измените на Законот за семејство, како и повеќе годишни извештаи на институции.

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе