Шефот на грчката дипломатија

Дендиас утре доаѓа во Скопје

Шефот на грчката дипломатија утре ќе биде во еднодневна посета на Македонија, ќе се сретне со министерот за надворешни работи Бујар Османи. Во попладневните часови ќе следат и изјави за медиумите, ќе биде примен од премиерот Димитар Ковачевски, а ќе присуствува и на работна вечера организирана од Османи и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

Дополнително зајакнување на билатералните односи во сите области, европската перспектива на Македонија, спроведувањето на Договорот од Преспа, случувањата на Балканот, во Источниот Медитеран, како и ситуацијата во Украина, според грчкото МНР, се очекува да бидат темите за кои министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас ќе разговара со неговите домаќини во Скопје, јави дописничката на МИА од Атина.

За време на посетата на министерот за надворешни работи, се очекува разговорите да се фокусираат на целосното, доследно и добронамерно спроведување на Договорот од Преспа, на дополнителното зајакнување на билатералните односи во сите области, вклучително и економијата, трговијата и енергетиката, како и на европската перспектива на Македонија.

Дополнително, во разговорите се очекува да бидат опфатени и случувањата на Западен Балкан и Источниот Медитеран, како и ситуацијата во Украина по руската инвазија, соопштија од грчкото МНР во пресрет на посетата.
Дополнително, потсетуваат дека Дендиас, беше во Скопје во ноември 2019 и август 2021 година, а неговиот колега Бујар Османи ја посети Атина во јануари 2021.

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе