Цвеќиња беа положени исто така и пред полициските службеници кои стоеја пред законодавниот дом, каде што имаше неколку петарди и димни бомби. МВР соопшти дека се повредени двајца полицајци.
На целата ситуација ѝ претходеше и еден инцидент, за време на марширањето на демонстрантите од Владата до МНР, пред плоштадот „Скендербег" на влезот на Старата скопска чаршија, се случи конфликт помеѓу нив и група луѓе за коишто се тврди дека пукале со огнено оружје, а од друга страна, претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, подоцна обвини дека било обид за негово убиство.
Групата луѓе, за коишто се тврди дека пукале со огнено оружје се разотидоа со навремената и брза интервенција на полицијата, додека од Министерството за внатрешни работи, информираа дека лицето кое пукало е приведено во полициска станица.
Освен наведените инциденти, протестот се одвиваше мирно без посериозни нарушувања, и сите демонстранти ја напуштија улицата пред Собранието на државата.