Демократски сојуз повикува во вториот круг од локалните избори да се гласа за коалицијата на СДСМ

Демократскиот сојуз ги повикува своите членови и симпатизери, како и сите граѓани, на 31 октомври да излезат масовно и да гласаат за кандидатите за градоначалници на коалицијата Најдоброто за мојата општина, предводена од СДСМ.

„Остануваме цврсто определени за реформите кои обезбедуваат да останеме на патот кон Европската Унија, да јакне стабилноста и економскиот развој. Само сите заедно можеме да направиме пресврт и во вториот изборен круг да обезбедиме победа а со тоа поддршка на владините политики кои се во интерес на граѓаните.

Како дел од стабилното владино мнозинство, цврсто стоиме на ставот дека треба да продолжиме заедно со цел Македонија да се движи напред. Со одбрана на своите принципиелни ставови и активности ќе работиме во интерес на сите граѓани како и на развојот на државата.

По завршувањето на локалните избори развојот на општините останува еден од нашите највисоки приоритети“, соопшти ДС.

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе