До Комисија за спречување и заштита од дискриминација

Дело, здружение на Бугари во Македонија, со претставка до Петар Богојески за етничка дискриминација

Здружение на Бугарите во Македонија Дело до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација поднесе претставка против Петар Богојески, претседателот на партијата Македонски концепт за неговите постови на фејсбук. Дело смета дека се работи за дискриминација врз етничка припадност. За Богојески ова е само обид за цензура врз слободни политички убедувања не само на граѓани туку и на лидери на партии.

Во еден од постовите Богојески пишува: Да сме на чисто! Кој сака во ЕУ ќе поддржи граѓански Устав. Кој е руски измеќар, ќе пика Бугари во Устав“. Богојески вели дека на социјалната мрежа споделува фототипни оригинални документи за постоење на македонски народ.

Но, од здружението на граѓани за промоција, издавање, иницијативи и меѓународна соработка Дело сметаат дека со постовите на својот фејсбук-профил Богојески прави „продолжена дискриминација врз основа на потекло, нациионална и етничка приопадност кон граќаните на Македонија со бугарско национално самосознание“. Тие бараат јавно извинување и во иднина „да не објавува содржини кои поттикнуваат дискриминација, раздор и нетрпеливост кон граѓаните на Македонија со бугарско национално самосознание“.

Во претставката како претставник на ова здружение е запишана извесна Александра Николова, а адвокат е Бурим Сарачи.

Во изјава за МКД.мк Богојески вели дека политиката на заевизмот доведе до тоа во Македонија да се прогонуваат Македонци како за врме на фашистичката окупација од 1941-44 година, поради спомнување на македонски народ, македонски јазик, АСНОМ или навивање за македонска фудбалска репрезентација.

„Во целост ја негирам пријавата поднесена од бугарски шовинисти преку адвокат етнички Албанец од екипата на Бугар Османов, и искажувам изненаденост за тоа дека Комисијата за заштита од дискриминација воопшто сметала дека треба да ја процесира пријавата. За тоа ќе барам објаснување од нив и размислувам да бидам прв во Македонија, кој ќе поведе постапка за дискриминација против Комисијата за спречување на дискриминација, затоа што стана дел од системот на Бугар Османов преку бугарски клубови во Македонија, а согласно протокол бр.2 потпишан со Бугарија, да малтретира Македонци во Македонија и да ги вознемирува нашите семејства. Вакви ексцеси, преседани во таа Комисија треба навремено да се спречат. Да не им се повтори нарачан бугарски прогон со албанска логистика кон други Македонци.

Аргументирано тврдам дека пријавата е бесмислена. Според нив, со написите што сум ги објавувал на ФБ, сум ги дерогирал одредбите за заштита на човековите права. Јас не можам да дерогирам одредби, бидејќи не сум институцијата што ги донесува, туку сум приватно лице кое изнесува свое мислење. Моето пишување не довело до помали права на овие граѓани во однос на другите, ниту пак им ускратило можност да си ги практикуваат своите права. Наспроти ова, постои очигледна намера од нивна страна за ограничување на правото на мислење и правото на изразување и посебно споделувањето информации кои се од значење за Македонците од македонската етничка заедница.

Комисијата нека појасни во што се состои дискриминацијата? Недостасува материјалниот елемент. Која е таа фактичка состојба која укажува дека имаат помалку права или не можат да остварат одредени права? Што е тоа што не можат да го направат заради моите написи? Очекувам Комисијата да ми се извини со објаснување дека не може да стане збор за дискриминација на македонски граѓани од бугарска етничка припадност, затоа што во моите написи не зборувам за нив, туку за бугарската држава и нејзините активности. Ниту ги навредувам, ниту ги омаловажувам Македонците од бугарска етничка припадност. Доколку тие не се сметаат за граѓани на Македонија, тоа веќе може да се испитува како посебен облик на навреда кон Македонија и Македонците. Битката против обидите за уривање на македонската државност од страна на Бугарија, не само што ќе ја продолжам, туку сега ќе ја зголемам. Ме мотивираа зајковистиве и тоа адвокатчето на Османов“, вели во реакцијата Богојески.

А.Д.

 

 

 

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе