Делегацијата на ЕУ во Скопје: Ако сме прислушувани, тоа значи прекршување на Виенската конвенција

Во официјална реакција на делегацијата на ЕУ во Скопје изразува длабока загриженост по денешните информации дека биле прислушувани и амбасадори.

Ако дипломатската коресподенција била пресретнувана, тоа претставува прекршување на одредбите на Виенската конвенција од страна на земјата домаќин, се вели во реакцијата. ЕУ веќе ја изрази јавно својата длабока загриженост од индикациите за прислушување од широк обем од непознато потекло и легалност.

Ова треба да биде испитано од истражните власти на транспарентен и независен начин, се вели во реакцијата на канцеларијата на ЕУ во Скопје.

Најмалку 6 амбасадори биле прислушувани, изјави денеска Зоран Заев, шефот на СДСМ. И италијанскиот амбасадор во Македонија во интервју за Радио слободна Европа изјави дека бил информиран од шефот на СДСМ дека неколку актуелни и неколку поранешни амбасадори биле прислушувани.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе