„Вистина е дека нѐ контактираа од кабинетот на претседстелот на Р. Македонија, добивме покана за Дејан Георгиевски и неговиот тим да бидат предводници на овогодинешната државна церемонија на големиот национален празник Илинден кој ќе се чествува на 2 Август по повод Илинденското востание во Крушево. Исто така Илинден е и голем верски празник.
Чест е да се празнува Илинден на каков било начин, тој празник ја обликува македонската револуционерна борба.
Во оваа прилика сакаме јавно да соопштме дека Дејан Георгиевски и неговиот тим нема да присуствуват на државната илинденска церемонија согласно оваа покана од страна на претседателот на Р. Македонија, благодарни сме за поканата но сметаме дека Дејан Георгиевски треба да е надвор од сите политички или какви било други слични случувања поврзани со политика. Дејан Георгиевски исклучиво припаѓа на сите луѓе во Македонија.
Според тоа што ни е и најавено, очекуваме Дејан Георгиевски и неговиот тим да бидат повикани на прием во вилата на претседателот на Македонија Стево Пендаровски. На приемот тој и неговиот тим да бидат соодветно одликувани за овој најголем спортски успех во независна Македонија.
Успехот на Дејан Георгиевски секако е натпартиски, над какви било верски или други разлики, овој историски успех безвременски ќе ги радува и ќе ги прави горди сите луѓе во државата, тој припаѓа исклучиво на Македонија и народот што живее во неа. За многу години Илинден, да ни е вечна Македонија“, се вели во одговорот на поканата на д-р Борче Костовски, претседстел на МТФ и тренер и Дарко Костовски, спортски директор на Таеквондо клуб Бутел и тренер.






