Локални избори

Даштевски: На шест места се гласа со УВ ламба и спреј, не може да се стигне да се сменат апаратите

Излезноста на гласачите до 13:00 на локалните избори е 20,76 отсто, а податоците се од 2.519 гласачки места односно 72,39 отсто, соопшти на прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски.

Според податоците на ДИК, најголема излезност има во општина Новаци – 43%, а потоа следуваат Кратово со 37,47% и Крушево со 37,35%.

Даштевски информираше дека на шест избирачки места се гласа на стариот начин со УВ ламба и со спреј. Едното е во Старо Нагоричане, се работи за планинско место, па не може да се стигне да се смени апаратот, бидејќи било потребно теренско возило, а станува збор за помал број на гласачи, само 15 лица. Поради тоа, тој како што кажа, потпишал решение да се гласа на стариот начин.

Претседателот на ДИК ги охрабри граѓаните да го дадат својот глас непречено и демократски и кажа дека засега излезноста е задоволителна. Тој додаде дека на 11 избирачки места имало прекин на гласањето повеќе од еден час и таму се очекува гласањето да продолжи и по 19 часот. Но, засега никаде нема прекин на гласањето повеќе од три часа.

Во однос на метежот на дел од избирачките места, Даштевски одговори дека тој се должи на почитувањето на ковид-протоколите. Тој уште кажа дека бил направен увид во неколку избирачки места каде што имало редици за гласање и појасни дека гужви се создавале затоа што во гласачкото место се пуштал по еден гласач. ДИК упатила упатство на избирачките места да се пуштаат онолку гласачи, колку што има паравани за гласање.

 

 

 

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе