Четврта прес-конференција на ДИК

Даштевски: Излезноста до 15 часот изнесува 34,22 отсто, нема нерегуларности

„Излезноста до 15 часот изнесува 34,22 отсто. Најголема излезност има во Вевчани од 66 отсто, а најмала е излезноста во Сзрај која изнесува 16,38 отсто“, изјави во 15.30 часот претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски. Тој ги повика граѓаните да го искористат своето право на глас и да излезат на гласачките места и изрази уверување дека до крајот на гласањето изборниот ден ќе мине без нерегуларности, во демократска и фер атмосфера.

Даштевски информира дека се поднесени вкупно 311 приговори кои се однесуваат на лично избирачко право и дека 298 од приговорите се прифатени, одбиени се 25 приговори, а дека 18 од гласачите кои реагирале ги има во избирачкиот список.

Претседателот на ДИК нагласи дека нема пријави за нерегуларности во избирачките места и дека нема ни проблеми со уредите за земање на отпечаток од прст.

Прес - конференцијата траеше многу кратко и немаше новинарски прашања, а како што забележа и самиот Даштевски, по трите претходно одржани прес-конференции, нема што ново да се соопшти.

Како што претходно беше информирано, во девет избирачки места гласањето ќе биде продолжено за еден час бидејќи утрово таму имало прекин подолг од еден час и тоа во Центар и во Сарај на по три избирачки места, како и на по едно избирачко место во Карпош, Чешиново Облешево и во Зелениково.

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе