Прес-конференција на ДИК

Даштевски ги предупреди членовите на ИО да не носат сами одлуки дека фингерпринт-уредите не треба да се користат

Членови на Избирачкиот одбор самоиницијативно носеле одлуки да не ги користат уредите за отпечаток на прст и гласањето го спроведувале по стариот начин, односно со користење на УВ ламба и спреј, соопшти на прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски. Тој вели дека ова се неофицијални податоци кои телефонски биле кажани на ДИК и дека ако се утврди дека се вистинити, на овие места гласањето може да биде поништено.

Даштевски информираше дека на шест избирачки места се гласа на стариот начин со УВ ламба и со спреј.

„Само на шест места сме донеле одлука да се глава со УВ ламба, односно во Ново село, Старо Нагоричане, Студеничани, Чаир и на две места во Чучер Сандево. Апелирам да не се прави тоа онаму каде е направен обид, во спротивно може да дојде до последици, односно санкционирање на Избирачките одбори, како и поништување на гласањето. Уредите работат добро, а онаму каде на 6 места е прекинато, нагласувам дека се работи за планински места на кои не може да дојде екипа да ги поправи. ДИК доби неофицијални информации дека на некои избирачки места самоиницијативно членовите на Избирачките одбори одлучиле да не ги користат уредите за отпечаток на прст. Тоа се незаконски одлуки на тие лица, бидејќи во спротивно согласно Измените во законот гласањето ќе мора да биде поништено гласањето и не може да не се носат такви одлуки без одлука на ДИК. За овие лица ќе има санкции, доколку се утврди дека без решение од ДИК сами носеле одлуки", вели Даштевски.

Тој појасни дека изборниот молк трае додека трае гласањето и дека на сите кои ќе се затечат на местото треба да им се дозволи да гласаат.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе