Дамјан Манчевски поднесе оставка од пратеничката функција

Министерот за информатичко општество и администрација во претходната влада, Дамјан Манчевски, кој беше избран за пратеник на последните избори денес поднесе оставка на функција до претседателот на Собранието.

Талат Џафери на почетокот на денешната седница на Собранието соопшти дека дека Манчевски поднесува оставка и дека согласно деловничката можност тој нема да ја образложува. ДИК сега треба да го информира Собранието кој е следниот на листата што треба да го пополни неговото место.

Откако ДИК ќе испрати извештај, за тоа ќе одлучува матичната Комисија за деловнички и мандатно имунитетни прашања, по што ќе продолжи пленарната седница.

Собранието денеска ја почна 13-тата седница на која требаше да расправа по Предлогот за именување на заменици на министри во Владата, но по куса пауза седницата беше прекината.

Како што тргнало, на крај, кога ќе го оствариме сонот и конечно ќе влеземе во ЕУ, ќе бидеме нација X, со јазик Y, со националност Z? Кој ќе се радува на тоа?

повеќе

Зошто да не му веруваме на лидерот кој е на чело на колоната запатена кон ЕУ?

повеќе

Логиката е кога веќе се успеа со Преспанскиот договор, кога веќе отстапката е потпишана, зошто да не се направи тоа и со Бугарија.

повеќе