Дали руски бегалци би имале ист третман со украинските, премиерот без јасен одговор

Премиерот Димитар Ковачевски на новинарското прашање дали евентуални руски бегалци во Македонија би имале ист третман со украинските, тој одговори дека не се очекува бегалски бран од Русија, со оглед на тоа што „немаме конекција со Москва, како што имаат некои други држави“. За украинските бегалци во земјава рече дека имаат третман „согласно со меѓународните организации во кои сме членки за згрижуавање на бегалци од војна“, додека во однос на руски бегалци рече дека „прашањето е насочено кон нешто друго“.

„Ние ги донесовме сите потребни одлуки во однос на постојано згрижување или згрижување во транзит бидејќи дел доаѓаат и потоа заминуваат во други земји. Тоа е нивниот третман, а вашето прашање е насочено сосема на нешто друго. Тие одат во земји каде што имаат директни летови. Кај нас нема директни летови“, одговори Ковачевски по настанот за презентација на Проект за поврзување на локалните патишта.

Премиерот на прашањето дали се размислува за укинување на визите за граѓаните на Русија, вели дека нема таков предлог во моментов.

Во изминатите денови илјадници руски државјани ја напуштаат земјата во обид да избегнат мобилизација, откако рускиот претседател Владимир Путин минатата седмица нареди делумна мобилизација на 300.000 резервисти. Русите најчесто со автомобили се упатуваат кон границите кон Грузија и Монголија, каде што чекаат и по 48 часа на граница, бидејќи цената на авионските карти, на оние кои се уште се достапни, значително се зголеми и достигна по неколку илјади евра. Меѓу земјите на кои на руските државјани им се овозможува влез без виза се и Србија, Турција, Грузија и Ерменија.

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе

Да ги споменеме и другите големи глобални предизвици: големите опасности од еколошка катастрофа; зголемувањето на нееднаквоста во нашите општества; и напливот на нови технологии кои можат да го нарушат светот доколку истите не бидат соодветно користени и контролирани.

повеќе

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе