Пред октомвриските локални избори

Дали најдобрите градоначалници ќе бидат партиски или независни кандидати?

Анкетите од последните месеци покажуваат постојан висок рејтинг на тројца градоначалници - Максим Димитриевски, Митко Јанчев и Арбен Таравари (Куманово, Кавадарци и Гостивар). Според последното истражување на МЦМС од април годинава, токму овие тројца важат за најпопуларни градоначалници во државата.

Според оваа анкета 10,5% од испитаниците се изјасниле за Јанчев, 7,5% за Таравари, 6,8% од испитаниците за актуелниот градоначалник на општина Куманово Димитриевски. 

Дали Димитриевски, Јанчев и Таравари ќе бидат кандидати за градоначалници на октомвриските локални избори и дали нивните матични партии ќе застанат зад нивната кандидатура или пак ќе одат како независни кандидати? За двајца од нив, Димитриевски и Јавчев, неизвесно е дали нивните партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, ќе ја дадат поддршката токму за нив, кога се знае дека обајцата имаат проблем со довербата во партиските раководства. СДСМ во последно време без проблем раскрстува со секого кој не ја поддржува актуелната партиска политика и ги елиминира непослушниците во партијата. А токму Димитриевски е еден од ретките градоначалници од редовите на СДСМ кој високо котира кај граѓаните на сите анкети и не секогаш е гласен поддржувач на актуелните партиски политики.

На неколку анкети кумановскиот градоначалник Димитриевски води пред неговите сопартијци во Куманово со убедлива разлика и ја ужива довербата кај мнозинството граѓани. Според податоците на една од анкетите кои беа спроведени во Куманово во текот на февруари и март, 52,8 проценти од испитаниците би го дале својот глас за Димитриевски доколку побара втор мандат на претстојните локални избори, а 67,5% од вкупниот број испитаници одговориле дека имаат доверба во актуелниот градоначалник.

Значително поголем е процентот на граѓани кои имаат негативно мислење за пратеникот Мартин Костовски од редовите на СДСМ, име кое во јавноста почнува да се појавува како можен кандидат за градоначалник на претстојните локални избори во Куманово. За него, на истата оваа анкета се изјасниле 30,4% позитивно, а 34,3% негативно.

На прашањето „За кого би ја дале вашата поддршка како кандидат за градоначалник на претстојните локални избори наесен?”, од понудените имиња меѓу кои се градоначалникот Максим Димитриевски, Бране Петрушевски, пратеник во Собранието на од ВМРО-ДПМНЕ, Мартин Костовски - пратеник од редовите на СДСМ и претседател на општинската организација на СДСМ, Оливер Илиевски - директор на Водостопанство Куманово, Илир Хасани - заменик министер за здравство, 47,9% од испитаниците одговориле дека својот глас би го дале за Димитриевски, 2,5% за Мартин Костовски, 3,8% од испитаниците би гласале за Бране Петрушевски, 0,7% за Илиевски, а 7,5% од вкупниот број испитаници велат дека би гласале за Илир Хасани.

Слични се резултатите од истражувањата и за Кавадарци и за Гостивар. Јанчев пред извесно време изјави дека има најави дека неговата партија би можела да го поддржи на наредните локални избори, но од ВМРО-ДПМНЕ засега нема такви најави. Единствено Тарави се чини нема никаков проблем во матичната партија, Алијанса за Албанците, да остане кандидат за градоначалник на Гостивар.

Важно е да се напомене и дека резултатите од овие истражувања покажуваат дека граѓаните несомнено ја даваат поддршката, како за Димитриевски, така и за Митко Јанчев и Таравари, трите најдобри градоначалници во државата без разлика дали тие би оделе како партиски кандидати или пак ќе се одлучат на следните избори да се кандидираат како независни кандидати за градоначалници.

А.Д.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе