Реакција од Белград

Дачиќ за изјавите на Заев: Не ја прогласувајте бугарската окупација за администрација

Зоран Заев не е политички наивен и знае дека неговите неодамнешни изјави за Бугарија не се точни, вели претседателот на српското Собрание, Ивица Дачиќ.

Дачиќ во емисија на српската ТВ Пинк изјави дека на Заев му треба согласност на официјална Софија за да започне преговори за членство во ЕУ, но второто прашање е до каде ќе оди Заев.

Дачиќ реагираше на изјавата на македонскиот премиер Заев дека Југославија ги држела разделени Македонија и Бугарија и дека во Македонија имало бугарска администрација за време на Втората светска војна.

„Не ја прогласувајте бугарската окупација за администрација. Бугарите беа на страната на нацистичката Германија на Хитлер, а ние на југот знаеме колку беа тешки бугарските злосторства. Тие (Македонија) со тоа плукаат по нивната антифашистичка борба. Еве, Југославија ја нема повеќе, што чекате. Ако толку многу сакале да се прегрнат, не би чекале до 2020 година “, рече Дачиќ.

Тој додаде дека не би сакал никој да помисли дека жали за Југославија, која, како што вели, ја сака, но изјави дека денот кога е создадена бил несреќен ден за српскиот народ.

 

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе