Реакција

Чулев: ДКСК и Управниот суд донесоа одлуки во моја полза, ама Владата продолжува да води партиска политика

Владата од една страна секојдневно ме обвинува дека сум виновен за нејзините неуспеси поврзани со ширење на коронавирусот, а од друга страна и во ваква состојба Оливер Спасовски и неговите послушници во Министерството за внатрешни не успеваат да се издигнат над партиските интереси, а со цел заштита на здравјето и животот на граѓаните, се вели во реакцијата на Наќе Чулев, министерот за внатрешни работи.

„Во услови на пандемија и прогласена вонредна состојба Владата со заклучок го задолжува Министерството за внатрешни работи да ги стопира огласите со кои се пополнуваат дел од испразнетите работни места. Политиката и партиските интереси повторно се поважни од здравјето и животот на граѓаните, а со ова Владата предводена од Оливер Спасовски уште еднаш го потврдува тоа.

И покрај фактот што Државната комисија за спречување на корупцијата и Управниот суд донесоа одлука и пресуда со која се поништи одлуката на Владата за поништување на решенија за распоредување донесени од моја страна и ја потврдија законитоста на моето постапување, Владата и понатаму продолжува спротивно на законот да се меша во работењето на Министерството за внатрешни работи и да го опструира нормалното функционирање, со што крајно негативно влијае врз неговата ефикасност.

Би сакал да потенцирам дека согласно Законот за организација и работа на органите на државната управа со министерствата раководи министер и од тие причини ваквата постапка на владата претставува грубо мешање во работата на Министерството за внатрешни работи. И покрај ваквите непринципиелни и незаконски притисоци и понатаму ќе постапувам во согласност со законите и штитејќи го интересот на граѓаните.

Во интерес на законите потребно е вработените на МВР да постапуваат исклучиво во согласност со позитивните законски прописи. Апелирам на доследно и целосно почитување на овој неопходен принцип при секојдневното управување, раководење и извршување на работните задачи“, се вели во реакцијата на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе