Членови на СДСМ ги повикуваат претседателот и премиерот да кажат НЕ на францускиот предлог

Ги повикувам претседателот на државата г. Пендаровски, премиерот на државата г. Ковачевски да кажат одлучно НЕ за овој предлог, да го заштитат својот народ и македонската држава. Впрочем за тоа и се платени – вели во својата колумна поранешниот пратеник од редовите на СДСМ, а воедно и поранешен генерален секретар на партијата, Горан Минчев, коментирајќи го францускиот предлог за надминување на спорот со Бугарија.

Тој во својата колумна на „Плусинфо“ напиша: „Не верувам дека постои чесен Македонец кој може да прифати вакво нешто.Ова е време невреме за Македонија. Не е време за калкулации и молк. Затоа после долго молчење, чувствувам потреба да го искажам својот став за ова историско и суштинско прашање за македонскиот народ.

Тезите дека ова е последната шанса на Македонија да се приклучи кон европското семејство и дека неприфаќањето на овој предлог ќе предизвикаат меѓуетнички тензии и ќе отворат безбедносни прашања се лага. Секогаш има нов предлог, а ние треба да се избориме преку дијалог со нашите европски партнери истиот да е поволен за Македонија. Дека ако не постои македонски јазик, идентитет и историја ја нема и Македонија“, напиша Минчев.

Весна Бендевска, поранешна пратеничка на СДСМ на својот фејсбук-профил напиша дека ќе се приклучи на протестите против францускиот предлог.

На Твитер е објавена слика на која се гледаат претседателката на Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ, Весна Јаневска, и поранешната пратеничка на СДСМ, Весна Бендевска како се поздравуваат на протест пред Владата против францускиот предлог.

„Утре излегувам да го изразам својот протест кон оваа лакрдија која го повредува моето лично граѓанско право на самосвест за национална припадност, посебност, мојот мајчин јазик и историјата на мојот народ со кои се гордеам. Свесно. Заради себе и својата совест, без калкулации за последиците. Моите идеали ми се поважни од се и ќе се борам за нив до крај. Апсолутно не ме допираат манипулативните повици на ниту една политичка партија или субјект. Ова е моја лична потреба, моја лична борба. За да бидам јас. За пред себе да сум чиста дека направив обид и не молчев. Без оглед на исходот. И никој нема право да ми го спори моето право“, објави Бендевска.

Таа е актуелен член на комисија за борба против дискриминација што беше изгласана во Собранието.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе