Реакција

Членови на Комисијата за историја против Заев, политичарите да не даваат изјави за тоа што не го знаат

Неколку членови од македонскиот тим во мешовитата македонско-бугарска комисија за историја се оградуваат од дел од изјавите на македонскиот премиер Зоран Заев дадени во интервјуто за бугарската агенција БГНЕС.

Историчарката Љубица Спасковска апелираше до политичарите да не коментираат теми кои не ги разбираат. И политикологот Огнен Вангелов, исто така член на комисијата се огради од премиерот Заев.

„Како член на македонскиот дел од Комисијата, лично се оградувам и ги осудувам последните изјави на премиерот и апелирам политичарите да се воздржуваат од тврдења и коментари со кои не се запознаени и не се од нивниот домен на познавања и експертиза. Во цела западна историографија и во доменот на јавна историја терминот окупација е општоприфатен и за улогата на Бугарија во Втората светска војна доволно говори мировниот договор потпишан со сојузниците вклучително и со Македонија како дел од Југославија во 1947 ”, напиша Љубица Спасковска, која е член на историската Комисија на Македонија и Бугарија вечерва ги осуди последните изјави на премиерот Зоран Заев дадени во интервјуто на БНЕС.

Љубица Спасковска е доцент на Универзитетот во Ексетер (University of Exeter) во Велика Британија. Докторирала на истиот универзитет во 2014 година и магистрирала на Централно Европскиот Универзитет во Будимпешта.

Огнен Вангелов, член на комисијата се согласи со Спасковска и само го пренесе нејзиниот пост на својот фејсбук-профил.

Во интервјуто за БГНЕС, премиерот Заев вели дека во Втората светска војна Бугарија не ја окупирала територијата на денешна Република Северна Македонија, туку била еден вид на администрација.

„Во тоа време, на почетокот, имаше администрација. После тоа, Бугарија се крена со антифашизам, се избори за слобода, за демократија и несомнено беше дел од антифашистичкиот фронт. Бугарските и македонските трупи ослободија територии - Крива Паланка, Куманово, целиот регион, Скопје и целиот овој дел“, кажа Заев. Според него Бугарија не била фашистичка држава.

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе