Четириесетина припадници на АРМ и МО станаа сопственици на станови од фондот на поранешната ЈНА

Четириесетина семејства на припадници на Армијата и Министерството за одбрана (МО) кои користат станови што потекнуваат од станбениот фонд на поранешната ЈНА или ги добиле по пат на замена на недвижен имот што потекнува од ЈНА денеска станаа сопственици на нивниот имот. Договорите за откуп и сопственост на станови од поранешниот фонд на ЈНА им ги врачија министрите за одбрана и за транспорт и врски, Славјанка Петровска и Благој Бочварски.

Пред една година беа соопштени постапките и условите за поднесување на потребните документи согласно законското решение предложено и изработено од министерствата за одбрана и за транспорт и врски и усвоено од Собранието, а денеска е решено дводецениското прашање и повеќегодишната неизвесност на четириесетина семејства. Во тек е решавање на станбеното прашање за уште 14-тина семејства од истиот фонд кои заради подолгите административни процедури и обезбедување на соодветна документација сѐ уште не се решени. Министерката за одбрана Петровска вели дека многу брзо и тие ќе бидат решени позитивно.

„Сега сте свои на своето. Така се создава силна Армија. Така се мотивираат припадниците да бидат уште подобри и уште попосветени во своите задачи. За празни зборови и неиздржани ветувања во Армијата едноставно место нема“, порача Петровска по врачувањето на договорите.

Таа додаде дека на оние припадници на Армијата кои немале можност да добијат стан од овој Фонд, Министерството за одбрана  им исплаќа месечен станбен надоместок од 9.000 денари затоа што, како што рече, секој припадник на Армијата е подеднакво важен.

Министерот Бочварски кажа дека Владата е подеднакво фокусирана на решавање на статусот на сите граѓани кои од какви било причини досега немале можност да го решат станбеното прашање.

„Имавме многу отворени прашања како да го решиме ова и секогаш доаѓавме на крајот до ист заклучок, дека овие лица заслужуваат статус на сопственици на становите кои живеат и по 30-ина и повеќе години во нив, а заради поделбата на тогашните републики им се скратило правото и можноста да остварат право на сопственост“, изјави Бочварски.

Како што истакна согласно Законот право на откуп имаа лица кои имаат решение за доделување на користење на станови, а кои се наши државјани или се вработени во Министерството за одбрана или Армијата и лица кои по пат на спогодба помеѓу Министерството за одбрана и друго правно лице засновале работен однос кај друг работодавач, а во Министерството, односно Армијата работеле најмалку 10 години или стекнале право на пензија, лица од семејство домаќинство на корисникот на станот доколку корисникот е починат, а поседуваат соодветен документ за поседувања.

Продажната цена на станот била утврдена врз основа на градежната вредност, трошоците за утврдување на градежното земјиште, местоположба, амортизација на станот, а цената ја утврдува АД за стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе