Чавков: Пратениците ќе имаат безбеден и непречен пристап до Собранието

Пратениците утре ќе имаат безбеден и непречен пристап во парламентот. Како и досега, така и утре полицијата ќе биде на потребното професионално ниво за обезбедување на јавната безбедност“, изјавил за Дојче веле на македонски јазик, директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков.

Утре во 12 часот во Собранието треба да се одржи координација на парламентарните политички партии за формирање на комисијата за избори и именување, по што би се закажало и продолжување на конститутивната седница за избор на претседател на Собранието. Малку подоцна е најавен почетокот на средбите на еврокомесарот

за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан и тројцата европратеници Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн со лидерите на парламентарните политички партии, а членовите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ најавија масовен протест.

„Во МВР функционира штаб кој непрекинато заседава и ги следи сите информации. Полицијата презема оперативни планови согласно тие информации и безбедносни проценки. Врз таа основа ги димензионираме персоналните капацитети и материјално-техничките средства“, вели Чавков.

На прашањето дали полицијата гарантира дека пратениците нема да бидат оневозможени да влезат или да излезат од Собранието, со оглед на разни најави дека учесници во протестот ќе ги блокираат приодите кон него, Чавков бил дециден: „Сигурно е дека пратениците ќе имаат безбеден и непречен пристап во Парламентот!“

Поимањето на несомнената поддршка на ЕУ е најкомплицирано од перспектива на Република Македонија.

повеќе

Спортскиот амбасадор Лазаров покажа слаб дипломатски имунитет кон политиканството.

повеќе