Министерството за здравство во соработка со Општина Кисела Вода

Центарот за болести и зависности е проблем за населението, но мора да се мисли и на зависниците, вели Темелковски

На 8 октомври 2021 година во Домот на културата, лоциран во паркот Македонија, во Општина Кисела Вода, се одржа средба и јавна дискусија на која учествуваа градоначалникот Филип Темелковски, министерот за здравство Венко Филипче и засегнати граѓани кои живеат во близина на Републичкиот центар за болести на зависности. Центарот бил формиран во 90-тите години, со негова дислокација од Клиничкиот центар. Проблемот настанува во 2017 година, кога тогашниот министер Таравари преместува околу 680 корисници во овој центар лоциран во Кисела Вода.

Преголемиот број на корисници на Центарот предизвикува проблеми за околното население.

Градоначалникот Темелковски, кој учествувал во протестите на жителите против овој центар, уште веднаш по изборот започнал со активности за намалување на бројот на корисници на центарот и нивно дисперзирање, или поточно враќање во медицински установи во нивните матични општини. Со тоа бројот на корисници е намален на околу 200. Но и овој број е преголем и претставува проблем за околните куќи. Сите иницијативи за трајно решавање на овој проблем продолжуваат во сите претходни години, но корона-кризата го спречува решавањето со оглед дека сите ресурси се насочени за справување со пандемијата.

На вчерашната дискусија Темелковски ги презентираше конкретните чекори кои се усогласени со Министерството за здравство и конкретен план и задачи кои треба да ги преземе општината, а кои министерството за конечно дислоцирање на овој центар на соодветна локација.

„Намерно сакав да организираме ваква директна средба и да се гледаме одблиску очи в очи. Кога се гледаме в очи мора да си стоиме на зборот и да си веруваме.

Вие знаете дека се залагам за реални и остварливи решенија. Не сум човек што се истрчува и избрзува со нереални ветувања. Не сакам демагогија, ниту популизам. Пред неколку години знаев дека може да се намали бројот на зависници со нивно прераспределување, но немав сознанија како може да се дислоцира една медицинска установа. Сега знам дека има услови за нова локација, и сите чекори се веќе испланирани и усогласени со надлежните од министерството. Буџетот, исто така, е обезбеден. Формиравме и граѓанска група за директен контакт со министерот.

Воедно мора да се грижиме и за корисниците и тие се наши сограѓани за кои имаме морална обврска да се грижиме, да им помагаме и да ги вратиме на вистинскиот пат. Во случајов се работи за 76 корисници кои се жители на Кисела Вода. Останатите доаѓаат од други општини. Нашата намера е тие да си се прераспределат во центри најблиску до нивното место за живеење, а за оние кои се жители на Кисела Вода имаме обезбедено друга соодветна локација, според светските пракси и искуства. Тоа е пристапна локација со паркинг простор, поврзување со јавен превоз и најбитно е да не пречи на други жители. Не сакаме да го пренесеме проблемот на друго место. Сега имаме конкретен план и точно утврдени чекори и поддршка од надлежното Министерство за здравство.

Со оглед дека се работи за медицинска установа решението зависи од централната власт и затоа е тука министерот да ги каже потребните чекори за да се заврши овој процес", изјави Темелковски.

Здравствените работници и здравствените установи се распоредуваат според точно определена методологија. Министерството следи примери за успешно раководени центри во други делови на градот воедно редовно се консултира и со Здруженијата на корисници на третманите, рече министерот Филипче.

Домот е таму од 90-тите години, и секоја година се зголемуваше бројот на корисници за во 2017 година да се дуплира.

„Бев присутен на сите протести. Не за да се сликам и да правам постови на интернет, туку да ги решиме проблемите. Доколку не беше короната побрзо ќе го водевме овој процес. Го намаливме бројот на корисници.

Полицијата е редовно присутна. Општината редовно го чисти овој потег. Центарот не е проблем само за тој дел, туку во цела МЗ Расадник. Она што ние го нудиме е целосно да се пресели. Но, конечно решение е целосно дислоцирање.

Го видов гневот на граѓаните во 2019 година, ги знам реалните проблеми. Соработуваме со здруженијата на пациенти и од нив добиваме идеи. Оттука ги влечеме решенијата. Делење терапија согласно стандарди. Еден проблем не може да се реши без да се гледа целокупниот проблем. Затворањето на центарот и префрлување на корисниците во Кисела Вода без план создаде нов проблем. Едноставно префрлување на корисниците на центарот не е решение. Мора да се обезбеди и доволно и соодветен персонал. На пример во болницата „8 септември" има ист центар и корисниците не се ни забележуваат. Таму има соодветен број корисници и медицински персонал. Во изминатиот период разгледувавме повеќе алтернативни локации, но секогаш излегуваше проблем со сопственоста. Воедно бараме и локација за изградба на Поликлиника со матични лекари и целокупна и итна медицинска помош. Според методологијата на министерството, бројот на жители и оддалеченоста од другите медицински установи во Кисела Вода треба да се изгради медицински центар. Најтешко е да се почне. Кога ќе тргне оди брзо“, изјави министерот Филипче.

Темелковски додаде дека како градоначалник нема никогаш да дозволам на ова место да се изгради хотел или ресторан кој што повторно би пречел на мирот на жителите.

„Дополнително општината ќе преземе мерки и активности за преуредување на просторот околу центарот за зависници и заштита на изворите со вода. За понатамошната намена на објектот и просторот ќе има јавна дебата, анкета или референдум за да се види што е тоа што треба и што е неопходно“, појасни Темелковски.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе