Центарот во Скопје блокиран, затворена улицата пред Собрание

Улица „11 Октомври“ од утрово е затворена за сообраќај, поради протестот што е најавен за во 12 часот пред Собранието.

Затворени се улиците од крстосницата кај Црвен крст до деловниот центар „Палома бјанка“, а засилено присуство на полицијата има во целото централно подрачје.

Пред Собранието по вчерашниот протест против францускиот предлог се поставени и шатори во кои беше најавено дека ќе преспијат дел од демонстрантите.

Во 13 часот во Собранието треба да се обрати претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, а потоа од 13.30 часот пратениците ќе расправаат за францускиот предлог. Пред пратениците ќе се обрати и премиерот Димитар Ковачевски.

Фото: П.Џ.

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе