„Најголем срам ќе биде ако македонската црква ја прифати оваа одлука. Апелирам ова да не се прифати. Толку години чекавме, ќе чекаме уште. За ова е виновен архиепископот Стефан. Народот е македонски, а историското име на црквата е Охридска архиепископија. Не може мајката да биде ќерка ни на српската, ниту на бугарската црква. Треба да се издржи, ќе пројде и руско-украинскиот проблем и се ќе си дојде на ред. Трпение - спасение. Името Македонија да не се дава“, се вели во видео обраќањето на архимандритот Царкњас, кој е свештено лице на МПЦ-ОА, а како таков не е признат во Грција.