Бујар Османи во дводневна посета на Јапонија

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска и утре ќе престојува во работна посета на Јапонија, на покана на неговиот јапонски колега Јошимаса Хајаши.

Покрај средбата со Хајаши, шефот на дипломатијата ќе биде примен и од престолонаследникот на Јапонија, принцот Акишино, а ќе има и одвоени средби со спикерите на Домот на претставници и Домот на советници при Парламентот на Јапонија, Хиројуки Хосода и Акико Санто.

Министерството за надворешни работи информира дека Османи ќе организира бизнис-форум со Јапoнската организација за надворешна трговија (ЈЕТРО), на кој ќе ги презентира поволностите за инвестирање во Северна Македонија пред истакнати јапонски компании како „Хонда", „Митсубиши", „Нипон Коеи"… Дополнително, министерот Османи ќе оствари средба и со министерот за „Осака ЕКСПО 2025", Кенџи Вакамија.         

„Целта на посетата е унапредување на билатералните односи меѓу Северна Македонија и Јапонија, со посебен акцент на економската соработка и бизнис-релациите,  Воедно, ќе бидат разменети мислења за актуелната безбедносна состојба во европскиот континент и Индо-Пацификот, надворешно-политичките приоритети на двете земји, како и  за актуелните меѓународни прашања и регионални теми“, соопшти МНР.

Министерството информира дека од Токио, Османи ќе  отпатува за Вашингтон, каде што ќе ја предводи владината делегација во рамките на Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД. 

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе