Бугарскиот амбасадор во Тирана оптимист: Наскоро очекуваме конкретни резултати меѓу Софија и Скопје

Бугарија и Северна Македонија водат интензивни разговори и наскоро се очекува работните групи да постигнат конкретни резултати, вели бугарскиот амбасадор во Тирана, Момчил Рајчевски. за време на посетата на Корча.

„Ние сме во период на многу интензивни разговори со Северна Македонија. Новата бугарска влада формираше 10 работни групи кои работат за заеднички интерес и очекуваме наскоро да постигнат конкретни резултати. Претседателот Мета беше во официјална посета на Софија каде што бугарскиот претседател ја истакна безусловната поддршка на Бугарија за интеграцијата на Република Албанија“, изјави Рајчевски за време на посетата на Корча, одговарајќи на новинарско прашање дали Бугарија ја поддржува интеграцијата на Северна Македонија и Албанија во ЕУ.

Како што пренесува МИА, Рајчевски кажал дека неговата земја била и ќе остане еден од најактивните поддржувачи на европското проширување.

Тој не сакаше да ја коментира најавата на премиерот Еди Рама дека Албанија од ЕУ ќе побара одвојување од Македонија во интегративниот процес.

„Што ќе бара Албанија е одлука на Република Албанија. Не можам да коментирам кога станува збор за условите, но повторно велам дека Албанија си ја заврши својата работата“, вели бугарскиот амбасадор.

На прашањето дали со оглед на војна во Украина, ЕУ треба да направи повеќе за Западниот Балкан, Рајчевски рече дека Унијата веќе прави многу, но смета дека „најважно во моментов е сите да се фокусираат на завршување на војната“.

Амбасадорот Рајчевски го посетил Универзитетот „Фан С. Ноли“ во Корча заедно со делегација составена од раководители и професори на бугарските универзитети.

 

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе