Во изјава за ТВ Нова, Ѓуров вели дека новата админстрација на американскиот преседател Џо Бајден и Демократската партија се заинтересирани за побрз развој на земјите Западен Балкан и нивно приклучување кон Западна Европа и затоа може да се очекува притисок од Вашингтон за решавање на спорот меѓу Софија и Скопје.
„Поради тоа, ние треба да ја аргументираме нашата позиција зашто Американците разбираат аргументи и јасна позиција, и таа задача е во рацете на бугарската дипломатија“, вели Ѓуров.
Поранешниот прв бугарски разузнавач очекува притисок од САД и за енергетските проекти во Бугарија во кои е вклучена и Русија, особено за транзит на гас, како и за запирање на проектот за изградба на нуклераната централа Белене.