Прес - конференција

Бугарите во Македонија можат да побараат да се вметнат во Уставот, но Уставот се отвора пред влез во ЕУ, порача Ковачевски

Постојат држави како што е Република Северна Македонија каде што индивидуалните права се остваруваат колективно, Бугарите во Македонија можат да побараат вклучување во Уставот. Но тоа може да се случи кога ќе се отвора Уставот пред влезот во ЕУ, порача премиерот Димитар Ковачевски на заедничката прес-конференција со бугарскиот колега Кирил Петков во Софија. 

„Во нашиот Устав освен македонскиот народ има и албански народ и другите кои ги сочинуваат другите заедници кои се дел од Уставот и нормално доколку и други граѓани во државата се самоопределуваат на друг начин и тие може да побараат да бидат дел од Уставот на РСМ“, изјави Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање.

Тој додаде дека тоа е процес што поминува низ уставни измени со повеќе чекори во кои се вклучени повеќе институции.

„Доколку тоа се случи, а нормално дека такво нешто се случува на патот на една држава кон ЕУ, бидејќи тогаш се отвора Уставот со цел и да се направат и други адаптирања. Тогаш низ тој процес секако дека ќе бидат опфатени и тие прашања врз основа на барањата на граѓаните“, рече Ковачевски.

На заедничката прес-конференција двајцата премиери рекоа дека се задоволни од првата средба на работните групи која резултираше со три потпишани меморандуми, откако беше договорен новиот пристап во соработката. Следната средба Петков ја најави за една недела, а за историската комисија кажа дека ќе има барем 3 средби во наредните 4 месеци. 

„Членовите на историската комисија имаат оптимистички поглед кон заедничките задачи”, рече Петков.

За историската комисија тој додаде дека во бугарскиот дел нема да има персонални промени, но и дека има друго ниво на ентузијазам и нов режим на работа. 

„Тоа што констатиравме денеска за да се заврши работата треба да зборуваат, да се гледаат, да имаат заеднички цели и да имаат конструктивна рамка. Професорите од двете страни кажаа дека се подготвени овој нов начин на работа да се претвори во конструктивен тон. Ние нема да правиме кадровски промени, но тоа што ме израдува е дека Историската комисија е една од работните групи која ќе работи во конструктивен тон и достигнување на реални резултати”, изјави Петков.

За премиерот Ковачевски критериум за успех по политичките прашања, како што рече е ако успееме во дијалогот да постигнеме договор и во догледен период да се одржи првата меѓувладина конференција.

Двајцата премиери претходно имаа тет-а-тет средба на која било истакнато дека динамиката со која се реализира заедничката седница како и почетокот на активностите на работните групи ја потврдува заложбата на двајцата премиери да бидат поставени основите за идниот брз напредок на меѓусебните односи.

Што се однесува, пак, до работните групи, тие ги поставија основите за работа и ги утврдија роковите за исполнување на приоритетите. 

Работната група која ја опфаќа соработката во економијата, енергетиката, финансиите, иновациите и развојот, инвестициите и земјоделството ја договори идната динамика на работата, како и заедничката основа за размена на добри практики и искуства за интензивирање на директна соработка во овие области.

 Втората работна група којашто ги вклучува областите транспорт и врски, инфраструктурата, локалната  самоуправа и меѓуграничната соработка, како и соработката во областа на информатиката и комуникациите, се поставени определбите за работите на Коридорот 8, како и поврзувањето со другите патни правци долж границата на двете земји.

Оваа работна група за свој приоритет го постави воспоставувањето на авионска линија Софија-Скопје, како и заложбата колку што може побргу значително да се намали цената на роамингот меѓу двете земји.

За европските интеграции, зелените политики и доброто владеење во третата работна група се поставени основите за поддршка и соработка на европските интеграции на Македонија, како  и за заеднички иницијативи во проектите опфатени со стратегијата „Зелен договор“ на ЕУ.

Четвртата работна група која во фокусот ги има културата, образованието и науката, туризмот, и младите и спортот си постави за задача да бидат преземени чекори од двете страни  чекори за изготвување на сеопфатна програма за соработка во овие области. 

 Од Софија, Жана П.Божиновска

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе