Бугарите не се откажаа од клубот Цар Борис III, отворањето закажано за 7 октомври во Охрид

На 7 октомври во Охрид е закажано отворањето на вториот клуб на Бугарите во Македонија, како што го нарекуваат основачите - Цар Борис III. Maкедонската полиција од вчера ги чува просториите на клубот во трговскиот центар Амам во центарот на Охрид.

Цар Борис бил соработник на Хитлер во Втората светска војна. На 21 јануари 1941 година го потпишува антиеврејскиот Закон за заштита на нацијата, ја презема паролата на нацистичка Германија „Eден цар, еден народ, една држава“ и е докажан заговорник за спроведување на т.н. „конечно решение на еврејското прашање“.

Основачите на клубот најавуваат дека специјален гостин на отворањето ќе биде „бизнисменот, филантроп д-р Милен Врабевски, со чија финансиска поддршка овој клуб ќе стане реалност“. Од здружението „Цар Борис III“ велат дека ова ќе биде „уште еден центар за градење мостови меѓу двете братски земји“.

Од Министерството за правда засега нема никаква официјална реакција за регистрацијата на здружение со вакво име. Од Еврејската заедница и Фондот на холокаустот на Евреите веќе реагираа на постоењето на здружение со името „Цар Борис III“  и на „леснотијата со која во нашата држава се глорифицираат нацизмот, фашизмот и се шири говор на омраза“.

Во Битола годинава се отвори бугарски клуб „Ванчо Михајлов ВМРО“. По регистрацијата на 16 април се одржа и официјално отворање на клубот на кое присуствуваше и тогашниот премиер Кирил Петков.

На 4 јуни, беше запалена влезната врата на клубот. Министерството за надворешни работи на Македонија најостро го осуди, како што соопштија, актот на намерно палење на влезот на здружението „Иван Михајлов“ во Битола.

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе